Одбележан Денот на победата на Република Турција

Традиционално, Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк “од Битола по повод еден од најголемите национални празници Денот на победата на Република Турција, положи цвеќе пред бистата на Мустафа Кемал Ататурк во спомен собата во НУ Завод и музеј во Битола.

На кусата церемонија на која присуствуваа дел од членовите на здружението и почитувачи на ликот и делото на Ататурк претседателот на здружението Шенол Мемиш го најави вселувањето во нови простории кои се наоѓаат во срцето на Широк Сокак и ќе претставуваат простор во кој Македонците и Турците од Битола ќе можат да се дружат, да разменуваат мислења, искуства како и проекти со кои ќе се унапреди функционирањето на здружението во иднина.

Мемиш го најави и гостувањето на делегација од здружението кое на покана на Амбасадорот на Република Македонија во Република Турција господинот Горан Тасковски ќе учествува на прославата по повод 20 години независност на Република Македонија која ќе се одржи во Анкара Турција.

You May Also Like