Вечер (среда, 6 август) во 20:00 во Фоајето на Центар за култура во Битола ќе биде отворена „Ревија на стари филмски плакати“ во организација на Фото кино клуб Битола.
Единствена и неповторлива можност да проследите ретроспективна изложба на Фото Кино Клуб Битола во соработка со Државен Архив на Република Македонија – Одделение Битола, на стручно пресликани оригинални и ретки стари филмски плакати од популарни филмови, кои во периодот од 1950 до 1970 година биле прикажувани во некогашните три битолки кина, во голем оригинален формат. Изложбата е во склоп на фестивалот Битфест 2014.