Влезниците за концертот на DOG EAT DOG пуштени во продажба

Влезниците за концертот на групата DOG EAT DOG кој ќе се одржи на 15. мај 2014 во Младински Културен Центар во Скопје, денеска (понеделник 10 март 2014) ќе бидат пуштени во продажба во продажната мрежа на МКтикетс!

Промотивната цена на влезниците за најверните фанови ќе изнесува 300 денари и ќе важи до 1. април или до истекот на залихите. Цената на влезниците од 1. април до 15. мај ќе изнесува 350 денари, додека пак на денот на концертот, на билетарата на Младински Културен Центар влезниците ќе се продаваат по полната цена од 400 денари.

Американскиот кросовер бенд DOG EAT DOG, во рамки на својата пролетна турнеја за 2014 година, ќе ја посети и Македонија! Домашната публика го памети одличниот, прв и до сега единствен настап на DOG EAT DOG кај нас, кој се одржа во 1995 година во рамки на „Т Фестивал“ во Скопје, а речиси 19 години подоцна, овој енергичен состав повторно доаѓа во Македонија и тоа со свој самостоен концерт.

Dog Eat Dog е американски бенд од Њу Џерси, основан во 1990 година кога беше дел од хардкор музичката сцена на Њујорк и Њу Џерси. Со членови кои денес живеат во Њу Џерси, Вашингтон и Европа, бендот за себе вели дека е базиран на сите три локации. Dog Eat Dog беше еден од првите бендови кои почнаа да комбинираат хардкор и рап, стил кој подоцна прерасна во стандарден музички израз. Групата постигна комерцијален успех со сингловите како “No Fronts”, “Expect The Unexpected” и “Who’s The King” – кои го покажуваат токму нивниот уникатен спој на хардкор, рап и саксофон. Од нивниот прв албум па сѐ до денес, а особено во последната декада звукот на бендот еволуираше до вклучување на елементи од фанк, ска и хип хоп музиката.

Продажни места:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Во Скопје: Југотон ГТЦ 1 кат, МКЦ, Кафе Круг (Аеродром), Кафе Браво, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево
Онлајн преку интернет страницата на МКтикетс.

You May Also Like