Поетска вечер со литературниот клуб „Дениција“

Вечер (23 август, сабота) во 21:00 часот во Магаза ќе се одржи поетско-музичка вечер со наслов „Збор во зборот“ во организација на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО.

Denicija_Bit_fest

На настанот ќе учествуваат поети од редовите на студентите и професорите на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, но и реномирани поети од Битолскиот книжевен круг и пошироко. Музичкиот дел ќе биде во реализација на проф. м-р Мери Кафкалеска Стоилкова, пијано и Димитар Михајловски, виолина. Исто така ќе се доделува прва, втора и трета награда од стручно жири во состав од реномирани универзитетски професори, а ќе има и награда од публика.

You May Also Like