Пред неколку дена дел од македонските медиуми објавија вест за Mакедонката Ивана, во која се вели дека се тргнати која заедно со своето момче кое е од Шпанија во мисија да го пропатуваат целиот свет на мотор. Ивана одвои време за читателите на cOoLTuRa.mk, ни одговори на поставените прашања и не’ почести со неколку прекрасни фотографии од неколку интересни дестинации.
cOoLTuRa.mk: Во најавата на вашата фејсбук страница велите: Македонка и шпанец на мотор на пат околу светот. Кажете ни нешто повеќе за вас двајцата и од каде потекна идејата за оваа несекојдневна авантура!
Ивана: Ивана 27 од Скопје и Ману 31 од Севиља. Сакаме да патуваме и да уживаме. Се запознавме на еден од грчките острови, каде и работиме преку лето, изработуваме рачно накит и го продаваме на туристи. На тој начин и ги собираме средствата за ова големо патување. Идеата за оваа голема авантура е веке неколку години, само пречка беа финансиски средства, но овој пат ќе се оствари конечно. Неколку годишното патување на различни места и на различен начин и запознавањето на луге кој патуваат на сличен начин не мотивираше да направиме ваков потег.
cOoLTuRa.mk: Дали и двајцата сте по природа авантуристи и што друго интересно и несекојдневно имате направено, заедно или индивидуално?!
Ивана: Авантуристи …па јас го сакав патувањето и пред да го запознаам Ману, а Ману веке имаше неколку годишно искуство и одкога почнавме да патуваме заедно, љубовта и уживањето и желбата за освојување повеќе нови места стануваше се поголема. Заедно имаме патувано во Индија, Мароко, Непал, Тајланд, Куба и цела Европа, а индивидуално Ману ја има 3 пати поминато цела Јужна Америка. На секое од нашите патувања има интересни и несекојдневни доживувања.
cOoLTuRa.mk: Колку треба да трае оваа авантура, која е маршрутата и дали однапред испланиравте каде и како ќе ги поминувате и водените препреки, морињата, каналите, океаните?
Ивана: За времетраењето на патувањето нема поставено лимит, ќе трае додека да ја исполниме целата маршута и додека уживаме, не сакаме на брзина да ги поминуваме местата, на некои места кај што ќе се чуствуваме пријатно ке останеме подолго, а на некој места кај што нема многу што да се види ке поминеме побрзо. Океаните и морињата ќе ги поминеме со авион, исто така и моторот ке го испратиме со авион….или како друга опција за моторот е со брод. Во зависност од цената на транспортот ќе се одлучиме на кој начин ке го изведеме тоа.
cOoLTuRa.mk: Која е порака и идејата на оваа авантура? дали сакате да испратите некаква порака, или едноставно да го обиколите светот?
Ивана: Пораката што сакаме да им ја пратиме на сите останати луге е дека не треба да се плашат од работите за кои тие немаат познавање, на пр.да немаат страв од земјите или лугете за кои имаат претстава дека се небезбедни или опасни,едноставно да веруваат во себе и да пробаат да го направат сето она што претставува уживање и задоволство.
cOoLTuRa.mk: Што после ова? Одмарање, работа, професионален ангажман или… ?
Ивана: После неколку патувања, одлучивме во овој проект патување да го искористиме искуството да направиме голем број фотографии и видео записи, така да може да склопиме некој документарец и слично. Би сакале нашиот начин на работа и живот да се сведе на тоа.
cOoLTuRa.mk: За крај, што би им препорачале на нашите читатели…
Ивана: Би била среќна доколку на читателите им се допага нашиот проект и доколку натераме барем еден мал процент од нив да направат потег за да го исполнат она за кое сонуваат и кое ги прави навистина среќни. Сите оние кои сакаат да дознаат повеке за нас и за светот може да стиснат МИ СЕ ДОПАГА на нашата фан страна на Facebook -Around Gaia / twitter @aroundgaia / www.aroundgaia.com и сите компании кои ви сакале да помогнат на било каков начин може да не спонзорираат.
А.Р.