Родовата рамноправност е примарен знак и показател на здравото општество и социјалната правда. Родовиот или сексуалниот идентитет, не ни е нешто дадено, или прашање на слободен избор, но институционалните и општествените сили се во можност низ интеракција да го обликуваат идентитетот – се вели во соопштението за конференцијат за европската кинематографија со акцент врз половата рамноправност.
Во Белград, од 4-ти до 8-ми јуни ќе биде одржана Годишната регионална конференција на тема Иднината на европската кинематографија од аспект на младите автори, со акцент на еднаквоста на половите.
На филмското образование во регионот на поранешна Југославија и југоисточните региони им недостасува посериозен пристап и занимавање со оваа тема. Проучувањето и едукацијата за еднаквоста на половите може да нè доведе до ситуација кога свеста за родовата рамноправност ќе стане примарен пристап на филмот, па и неодминлив дел во секоја фаза на продукцијата, што е многу значајно за иднината на европската кинематографија.
Во периодот од 2008-ма год. до 2014-та год. е евидентиран напредок на жената во обликувањето на филмските остварувања и во создавањето на културата. Жените најчесто се ангажирани на полето на костимографијата и сценографијата, а најмалку ангажирани во креирањето на музиката и фотографијата за филмот. Идејата на конференцијата е да го насочи вниманието на ангажираноста на жената во создавањето на филмските остварувања и на областите во кои ним им се дава предност.
Кинематографиите на Србија, Босна и Херцеговина и Република Македонија во изминатите шест години ја покажаа својата иновативност на меѓународната сцена, постигнаа голем успех, пред сè поради женските автори што режираат некои остварувања.