Тања Балаќ со инсталацијата „Граѓани“ на фестивал во Венеција

Ликовниот уметник Тања Балаќ, со својата видео – инсталација „Граѓани“, е влезена во официјалната селекција на престижниот меѓународен фестивал во Венеција „International ArtExpo – Future Identities – Bodies . Places . Spaces“.

gragjani_tanja_balak

Фестивалот ќе се одржи во Венеција, од 31 август до 2 септември годинава, во една од најстарите и најубавите венециски палати (16. век), Palazzo Ca’ Zanardi.

Инсталацијата „Граѓани“, која минатата година беше премиерно прикажана на големиот видео – скрин на плоштадот „Македонија“, во Венеција е селектиранa во категоријата видео – арт.

Инаку, станува збор за видео – инсталација во траење од 4,5 минути, каде авторката за првпат дава свој поглед на општествено ангажираната уметност во јавниот простор и секако го отвора прашањето дали скринот како симбол на потрошувачкото општество и ширење на маркетиншки пораки може воедно да биде и средство за уметничко изразување.

Во неа се прикажани галерија ликови, 65 граѓани, од различна возрасна, социјална, верска, полова структура, како документ на едно време.

You May Also Like