Наскоро, во издание на Црногорското друштво на независните писатели (“CDNK”) од печат треба да излезе наградениот роман „Дваесет и првиот“ на нашиот автор Томислав Османли.
Ова призлегува од „Одлуката за софинансирање програми од значење за остварувањето на јавниот интерес во областа на културно-уметничкотом творештво во 2013. година“, службен акт на Министертвото за култура на Црна Гора. Меѓу единаесетте наслови чие софинансирање го презема Министертвото, се наоѓа и преводот на македонскиот роман „Дваесет и првиот“ кој во 2010 година беше прогласен за Роман на годината на конкурост на „Утрински весник“. Суптилниот преводот на црногорски јазик, со чувство за разликите во стилот и дијалектните форми на говорот својствени за оваа книжевна творба, го изработи Марина Маркоска. Уредник на изданието на книгоиздателството “CDNK” е книжевниот автор Милорад Поповиќ.
Инаку, минатата година црногорското книжевно списание „Ars“ кое во секој број фокусира по еден автор, го претстави македонскиот автор Томислав Османли токму со одломка од романот „Дваесет и првиот“. Потоа, книгоиздателството “CDNK” го стави нашиот роман на својата издавачка програма барајќи и добивајќи финансиска поддршка од ресорното министерство. Во иницирањето и реализирањето на проектот од исклучително значење беше поддршката на Здружението на Црногорците во Македонија и активноста на неговиот претседател Мирослав Орландиќ ангажиран на македонско-црногорските културни поврзувања и комнуникации.