Во тек е жирирањето за „Балканика“

Вчера во Велико Трново, Бугарија започна жирирањето за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2011 година. Свеченото доделување е закажано за утре (9 декември 2012 година). Македонски кандидат е романот „Куќичка“ на Оливера Николова.

Член на меѓународното жири од Македонија е Александар Прокопиев, добитникот на „Балканика“ за 2010 година за збирката бајки „Човечулец“.

Во трката за меѓународната награда „Балканика“ за 2011 се и следниве наслови:

„Надолу по патот кон адот – и правата крстосница влево“ – Христо Карастојанов (Бугарија)

„Тито е мртов“ – Мирјана Новаковиќ (Србија)

„Случувања на Земјата“ – Преч Зогај (Албанија)

„Исла Боа“ – Христос Астериоу (Грција)

„Управителот на животи и други раскази“ – Мирела Розновеану (Романија)

„Црвениот ангел“ – Недим Ѓурсел (Турција)

You May Also Like