Поезијата на Етернијан на арапски јазик

Поезија на Јовица Тасевски-Етернијан преведена на арапски јазик е објавена во познатото ирачко списание за култура „Алманар“, а исто така и во рубриката „Литература“ на популарниот палестински културно-информативен портал „Заитона“.

Ирачкото списание „Алманар“ (Светилник) е фокусирано на современите литературни остварувања од афирмирани ирачки и светски автори. Главен уредник е проф. д-р Азер Сулејман Салех од Универзитетот во Мосул.

„Заитона“ е палестински културно-информативен портал со мултимедијални содржини. Поезијата на Етернијан во рубриката „Литература“ е објавена со песните на најпознатиот палестински поет Махмуд Дарвиш, кому пред десетина години му беше доделен „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

You May Also Like