„Парите се отепувачка“ бесплатно во МНТ

Претставата „Парите се отепувачка“ по текст и режија на Бојан Трифуновски, на Македонскиот народен театар, в петок (4 јануари, 2013) ќе биде бесплатно изведена по повод новогодишните и божикните празници.

Претставата е инспирирана од истоимената драма на Ристо Kрле и од романот „Деветта конфигурација“ на Вилијам Питер Блати. Во неа играат Николина Kујача, Славиша Kајевски, Гораст Цветковски и Софија Насевска. Сценограф и костимограф е Мери Георгиевска, а музиката е на дуото „Kантон 6“.

Влезниците може да се подигнат на билетарницата на МНТ.

П.С. Билетите во текот на денешниот ден беа поделени.

You May Also Like