Трагедијата во државата Конектикат во која психички нестабилен маж, застрела 26 лица, од кои 20 деца, го потресе не само САД, туку и целиот свет, а коментарите околу инцидентот сеуште се шират низ медиумите.
Веројатно и децата во Македонија слушнале за оваа немила случка и имаат свои прашања и стравови. Во САД, психолозите кои работеле со траумираните од престрелката, предложија неколку совети на родителите,за тоа како да пристапат кон прашњата на децата. Ова се неколку од нив, обајвени во Huffington Post:
– Ако не сте сигурни дека вашето дете знае се за трагедијата, почекајте тоа прво да каже нешто. Некои деца гледаат појасно на светот што ги опкружува, за разлика од други. Експертите предупредуваат да се намали достапот на децата до медиумите-телевизија, компјутер и сл.
– Ако сепак детето ве праша што се случувало тој ден,обајснете му едноставно и во зависност од неговата возраст, дека такви работи се нарекуваат трагедија, зошто се случуваат многу ретко и неочекувано. Дури детето да не изгледа уплашено или неспокојно,важно е кога му раскажувате да го уверите дека тоа е безбедно. Понекогаш децата информациите од медиумите ги трауматизираат.
– Некои деца може да бидат многу уплашени и тажни. Во таков случај е добро да го насочите вниманието на детето на некоја активност, некој проект како цртање на омилените јунаци од приказните, пишување на приказни и сл.
– Добро е да му кажете дека и на вас ви е тешко од ситуацијата. Тоа ги прифаќа сигналите од вас, сепак внимавајте да не бидете хистерични пред него, за да не предизвикате иста реакција и во него. Внимавајте на знаците на стрес или траума, како нарушен сон или повлеченост. Психолозите предупредуваат, дека колку помали можности да се изразат со зборови имаат луѓето, толку почесто тие се изразуваат психички. Повеќе деца на 4 или 5 години немаат можност да се изразат јасно со зборови и можат да користат други начини.
И сепак, направете се што можете за да поминувате повеќе време со вашето семејство. Треагедии како оваа, не потсетуваат дека перењето алишта, непотребното седење пред компјутер, долгите телефонски разговори и слично, можат да почекаат. Вниманието, љубовта и чувството за безбедност се скапоцени за децата кога се уплашени.
Неколку чекори кои ќе ги смират децата:
1. Прашајте ги што точно слушнале, ако мислите дека вашето дете слушнало за стрелањето, разберете што точно знае,за да можете да ги разоткриете непотребните гласини и преувеличувањето.
2. Објаснете дека децата и учителите кои загинале,не направиле ништо лошо-децата знаат дека лошите дела се казнуваат. Важно е да објасните дека трагедијата е дело на еден многу болен човек, а не казна.
3. Раскажете му на детето дека во средината во која расте сите се грижат за неговата безбедност. Објаснете дека добро ги познавате неговите учители, а тие внимаваат во училиштето да не влегуваат непознати луѓе. Освен тоа, училиштата прават тревога, за да можат сите де се подготвени адекватно да реагираат ако се појави некој проблем.
4. Колку и прашања да ви постават децата, важно е да водите отворен разговор и да знаат дека може да ве прашуваат се што ќе посакаат.
5. Не оставајте го телевизорот вклучен. Откако сте завршиле со разговорот околу трагедијата, внимавајте детето да не гледа и слуша вести кои се шират на тв екраните или компјутерите. Тие можат да го растројат, а некои од нив и да не бидат точни.
Подготвил: Л.Ѓ