Утре (30 ноември, 2012 година, петок) со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се изведе оперската претстава „Набуко“ од Џ. Верди.
Во главните улоги ќе настапат: Ристе Велков во улогата на Набуко, Павлина Новакова Георгиев во улогата на Абигаиле, Ирена Кавкалевска во улогата на Фенена, Зоран Сотиров во улогата на Исмаил и Иван Томашев (Србија) во улогата на Захарие.
Диригент е Бисера Чадловска. Режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценограф Живоин Трајановиќ и костимограф е Тања Медарова-Стојановска.
Настапува оркестарот на МОБ.
Својата праизведбата оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Таа е една од најпопуларните оперски претстави на Верди и, се пишува, дека со нејзината прва изведба почнала неговата вистинска уметничка кариера.