Топ моделите од целиот Балкан, пристигнаа во Сити Мол на првото модно шоу од светски калибар, а организирано во саботата по повод вториот роденден на Скопје Сити Мол.
Прекрасните момци и девојки го одзедоа здивот на Скопјани и Скопјанки, а и тие самите биле импресионирани од тоа колку убави луѓе здогледале на улиците и низ молот.
Васил, Ерик, Владимир, Радмил, Елисавета, Анелија, Иреана, Еми, Олга се дел од топ моделите кои ја освоија пистата на ВИП модно шоу во Скопје Сити Мол.


