Плевнеш, Василевски и сопружниците Ѕуба добитници на „Златен прстен“

Жири комисијата во состав: Христо Петрески (претседател), Ана Багрјана, Виктор Б. Шеќеровски, Марина Мијаковска и Зоран Пејковски (членови) одлучи годинашни добитници на наградата “Златен прстен“ за творечки опус  да бидат писателите Јордан Плевнеш (Македонија), Ристо Василевски (Србија) и Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина).

jordan.plevnes

Јордан Плевнеш  е автор со интернационално реноме, инаку и  ректор на Универзитетот ЕСРА во Скопје.  Наградата му се доделува за богатиот поетски, прозен и драмски книжевен опус, а особено за најновиот драмски текст “Вечна куќа“.

Академик Ристо Василевски  е познат автор и директор на Издавачката куќа “Арка“, а живее и работи во Смедерево (Србија). Наградата му се доделува за неговиот севкупен творечки опус, а посебно за книгата “ Храм, сепак храм“.

Брачниот пар Сергеј и Тетјана Ѕуба од Украина се истакнати писатели – автори на голем број  дела со поезија, проза, публицистика, есеј, критика и за деца и млади. Наградата им се доделува за нивниот заеднички креативен опус, а специјално за заедничкиот проект за публикување на  нивното творештво на 50 странски јазици.

Традиционалната меѓународна награда “Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа “Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје.

Наградата ќе биде врачена на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, на 13 април, во 13 часот.

Инаку, досегашни добитници на наградата “Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин (Србија).

risto vasilevski

sergej dzuba

tetjana dzuba

You May Also Like