Градската библиотека „Браќа Миладиновци” на 7 април (понеделник) 2014 година – Светскиот ден на здравјето, во 11 часот, организира отворање на „Игротека-библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести Скопје, во која хоспитализираните деца ќе може да го поминуваат своето време во читање книги.
Опремувањето на „Игротека-библиотека“ е донација од Хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“ , која се одржа во месец октомври 2013 година, на која јавни личности имаа улога на библиотекари и собираа парични средства кои се донираа за Детската клиника. Книгите се донации од Библиотеката, македонски детски писатели, издавачки куќи, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија и Меѓународното училиште Нова.
Библиотеката ќе биде отворена од директорот на Градската библиотека Бранко Цветкоски и директорката на Универзитетската клиника за детски болести Проф. Д-р Аспазија Софијанова.