Дефиле на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар-Скопје, денеска (05 април, сабота) во 11:00 часот, во Градскиот парк во Скопје, ќе има параден настап.

gradski duvacki orkestar

Музичарите од Градскиот дувачки оркестар, свирејќи ќе се движат од Фонтаната „Лотосов цвет“, до летната сцена „Школка“ во близина на поранешниот ресторан „Езерце“.

Оркестарот во рамки на саботното парадно дефиле, еден час ќе ги изведува композициите таканаречени чекорници и делови од најпознатите светски маршови соодветни за ваков тип настапи.

You May Also Like