Промоција на „Име од вечност“ од Ефтим Клетников

В среда (3 октомври, 2012 година) во Музејот на град Скопје во 19:30 часот ќе биде промовирана поетската книга „Име од вечност“ на Ефтим Клетников во издание на „Три“.

 

 

„Име од вечност“ во издание на Издавачкиот центар ТРИ е најновата поетска книга на Клетников. Таа, како што го покажува тоа и нејзиниот наслов, целосно и’ е посветена на темата на Името, изворна тема на нашата болка, изолирање и притисок денес. Но тука, секако, не станува збор за класична патриотска поезија, туку за поезија што го шири својот семантички и симболошки хоризонт отаде строгата национална рамка од која првично тргнува. Таа ја открива и архетипската и митската димензија на темата Име, како и неговата ранливост, угроза и обесветување во еден суров свет кој и самиот е морално паднат и обесветен. Сето ова, откривајќи ја самата срцевина и длабочина на темата, Клетников го изнесува пред читателот во висока и есенцијална поезија во која се испреплетуваат судбинското, елегиското и химничното чувствување истовремено на феноменот Име, кој за нас, како никогаш досега е судбоносен: да се постои или да се исчезне.

Промотор: Александар Русјаков
Артисти: Билјана Беличанец-Алексиќ и Роберт Вељановски
Гости:  Борис Трајанов (баритон), Марјан Николовски (тенор), Драган Даутовски (тамбура, Ратко Даутовски (тапан), Бајса Арифовска (кавал), Запро Запров и женскиот хор „Рустико“.

You May Also Like