На 14 август, на точно еден ден пред закажаната премиера во САД во Синеплекс пристига третото продолжение на франшизата „Платеници“.
Филмската франшиза „Платеници“ е со најмногу глумачки ѕвезди во историјата, експлозивни каскадерски акробации и неверојатно оружје.
За прв пат заедно во еден филм глумат Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Џејсон Стејтам, Мел Гибсон, Весли Снајпс, Харисон Форд, Антонио Бандерас и уште 10 други легенди.
По повод премиерата, на 14 август, со почеток во 19:00 часот ќе биде организиран тематски настан MEN’S NIGHT во киното Cineplexx во Скопје Сити Мол. Сите посетители таа вечер ќе уживаат во одлична филмска забава и атрактивни подароци, но и ќе имаат можност да ги покажат своите атлетски способности!
