Aква Парк Фестивал оваа година доаѓа со уште побогата програма распределена во вкупно три фестивалски дена со повеќе од 30 изведувачи.
Покрај 28. и 29. август, фестивалските доживувања на Аква Парк Фестивал годинава продолжуваат и на 30. август кога на фестивалските бини ќе се претстават бројни македонски и регионални диџеј артисти и претставници на електронската музика.
Организаторите велат: „Но и тоа не е сè! Покрај дополнителниот трет фестивалски ден, новина за второто издание на Аква Парк Фестивал е дека музичката програма на фестивалот ќе се одвива 72 часа без престан, на три фестивалски бини.
Во четврток, на 28. август откако во 09:00 часот ќе биде отворен влезот во фестивалскиот камп, на пладне започнува музичката програма со изведувачите кои ќе настапат на дневната бина лоцирана во самиот Аква Парк. По завршувањето на дневната програма кулминацијата на фестивалската забава нè очекува со бројните изведувачи на главната фестивалска бина, чија програма ќе трае сè до раните утрински часови. Но дури и по завршувањето на овие настапи, најупорните фестивалџии и ранобудните кампери ги очекува „Афтер Парти“ (After Party) бината, каде што од 06:00 часот наутро, па сè до пладне забавата ќе продолжи на идеалното место за релаксирање, покрај базенот и мрзливата река во Аква паркот.
Од 28. до 30. август во Пробиштип, подгответе се за три фестивалски дена, повеќе од 30 изведувачи, 72 часа музичка програма, кампинг, спуштање по тобоган, „стејџ дајвинг“ во базен и безброј фестивалски доживувања на Аква Парк Фест“!