Пијанистот Замир Кабо од Албанија на „Охридско лето“

Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва (четврток, 9 август 2012 година) во катедралната црква „Св. Софија“ целовечерен концерт на албанскиот пијанист Замир Кабо.

Роден во Тирана каде започнува да учи пијано на мошне рана возраст. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на Борис Романов, а магистрира кај истиот професор во 2011 година.

Неколку пати е избран да настапува со Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност. Учествувал на семинари и мајсторски курсеви низ Европа, каде работел со познати уметници, меѓу кои Тил Хенгел, Џерард Фреми, Албо Валдма, Дмитри Башкиров, Франческо Монополи, Џовани Умберто Батели, Карл-Хајнц Камерлинг, Бернт Гецке…

Добитник е на повеќе награди: Гран-при наградата на натпреварот „ЕПТА“ во Албанија во 2005 година, Првата награда на натпреварот „Шопен“ во Тирана во 2002, 2003 и 2004 година, како и на натпреварот „Фредерик Шопен“ во Рим во 2001 година. Настапувал со Симфонискиот оркестар од Будимпешта, со Симфонискиот и Радио-телевизискиот оркестар на Албанија.

Кабо е редовен професор на Академијата за уметности во Тирана. На програмата на вечерашниот концер т се дела на Хајдн, Шуман, Бах и Стравински.

You May Also Like