Вечерва (вторник, 19 јуни) со почеток во 20:00 часот во Драмскиот театар во Скопје се одбележува Денот на државноста на Словенија.
На прославата ќе настапат: членовите на театарската група Словенечки центар, Скопје, кои годинава, со претставата “Чудесен лотос”, како единствени претставници од странство, настапија во Словенечкиот младински театар во Љубљана, на јубилејниот 10 -ти Детски фестивал на театарски соништа. Автор на претставата е Тања Ткауц, а режијата е на Наталија Теодосиевска.
Потоа следува настапот на Алојз Роп и музичката група Problem solved. Гости на прославата се и членовите на оркестарот на ОУ “Јохан Хајнрих Песталоци”, Скопје, кои на државното првенство во Р.Македонија освоија прво место.
Влезот е слободен.