Стихови од Бранко Цветковски преведени на монголски

Изборот од поетското творештво на македонскиот поет Бранко Цветкоски во превод на монголски јазик со кирилско писмо и на монголски јазик со старомонголско писмо, го објави Монголската академија за поезија и култура од Уланбатор.

„Ждребе“ е книга со педесетина песни од сите поетски книги на Цветкоски, а препевот од македонски на монголски јазик го направија преведувачот Литов Намдагжанчивин и познатиот современиот монголски поет Данзан Њамаа.

Во книгата има и обемна био-библиографска белешка за поетот.

You May Also Like