Отворениот повик е наменет за сите професионалци и љубители на театарот, за учество на отворената панел дискусија по повод светскиот ден на театарот, 27 Март (среда), во просториите на Универзитетот Евро Балкан – седиште на новиот Македонски Центар на Интернационалниот Театарски Институт.
Целта на оваа дискусија е да се увидат актуелните состојби и потребите во/на современите драмски уметности во Македонија.
Заинтересираните панелисти можат да се пријавите на следниов контакт (Најдоцна до 25.03.2013, понеделник):
Иванка Апостолова, Раководител на Македонскиот Центар на ИТИ ivankaapostolova@gmail.com
Тел. 02 30 75 570
Програма за светскиот ден на театарот 27 Март, 2013 (Среда):
18ч – Премиера на краткиот видео-филм: Пораката на Дарио Фо во интерпретација на македонската актерка Ирена Ристиќ, концепт: Ирена Ристиќ и Ана Јакимска, режисер: Ана Јакимска, продукција: Македонскиот Центар на ИТИ/Универзитет Евро Балкан.
18.15ч – Македонската порака за светскиот ден на театарот, ја напиша и презентира македонската актерка Мими Таневска.
18.30ч – Отворена панел дискусија на тема:
– „Какви театарски продукции посакувам/е? Какви видови на театри/репертоари ни се потребни?“
20.30 ч – Коктел
Потврден гостин / презентер на панелот: Д-р Наум Пановски (Poiesis Theatre Project, New York, USA)