Од четврток (06 март – на денот на светската премиера) на репертоарот на градското кино следуваат анимираниот „Господин Пибоди и Шерман 3Д (Mr. Peabody & Sherman 3D)“ во режија на Rob Minkoff, како и вториот дел од епскиот воен спектакл „300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)“ во режија на Noam Murro, со Sullivan Stapleton, Eva Green, Lena Headey во главните улоги.
300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)- премиера 06.03(четврток)
Режија: Noam Murro
Улоги: Sullivan Stapleton, Eva Green, Lena Headey
Траење на филмот: ‘102
Жанр:акција / воен / драма
По победата над 300-ните на Леонидас, Персиската армија на чело со Ксерксес напредува кон главните Грчки градови-држави. Прва на удар е демократската Атина, чија воена сила е базирана на моќната флота предводена од адмирал Темистоклес. Навјасани од ударот на персијците, Атињаните се принудени да влезат во неприродна и неволна коалиција со најголемите регионални опоненти, Спартанците, кои пак имаат супериорни пешадиски трупи. Сепак Ксерксес и неговата персиска армија остануваат надмоќни во поглед на бројноста на армијата…
Господин Пибоди и Шерман 3Д (Mr. Peabody & Sherman 3D)- премиера 06.03(четврток)
Режија: Rob Minkoff
Улоги: Ty Burrell, Max Charles, Stephen Colbert
Траење на филмот: ’92
Жанр:Анимација / Авантура / Комедија
Господинот Пибоди е деловен гигант, пронаоѓач, научник, лауреат на Нобеловата награда, гурман, освојувач на олимписки медали и гениј кој, покрај сето тоа, сосем случајно е и – пес. Благодарение на извонредната интелигенција, Господинот Пибоди успева да оствари неверојатни нешта, но понекогаш на обичните луѓе им е тешко да се справуваат со нив – или да сфатат за што им зборува тој. Шерман, момчето што го посвојува, е единственото нешто кое му претставува предизвик. Господинот Пибоди му се посветува на Шерман, преку кого учи една работа која генијалците тешко можат да ја сфатат, а тоа е родителството. Кога во приказната се вмешува и времепловот ВЕЈБЕК, тогаш започнува несекојдневната авантура на најнадарениот пес во светот и умното момче на патот низ историјата на човештвото.