Промоција на македонскиот превод на „Музиката и неискажливото“ на Владимир Јанкелевич, објавен од „Македоника литера“, која ќе се одржи денеска (среда, 5 март) во 19:30 часот во рамките на книжевно-филозофската вечер за Јанкелевич во Инфо центарот на ЕУ во Скопје. Организиратор е Францускиот институт во Скопје.
Владимир Јанкелевич (1903-1986) е француски естетичар, филозоф, музиколог, пијанист, страстен обожувач на Лист и Дебиси. Бил професор на повеќе француски универзитети, а најдолго на Сорбона, каде што бил и шеф на катедрата за морална филозофија. Автор е на голем број дела од филозофијата и музиката и поврзани со Бергсон, Форе, Дебиси, Лист, Равел, Римски-Корсаков, Чајковски… Иако се теориски, неколку негови дела се објавувани во повеќе изданија, односно се многу читани и преведувани. На Јанкелевич му се припишуваат голем број естетички и антиестетички разјаснувања на заблуди за музиката.