Oд денеска (четврток, 10 април) во кината Синеплекс се прикажуваат 3 нови наслови: „Рио 2“, „Нулта теорема“ и „Нон-стоп“.
Глобалната акциска ѕвезда Лиам Нисон е американски воздухопловен капетан Бил Маркс во филмот „Нонстоп“, напнат трејлер чие дејство се одвива на висина од 12.000 метри. За време на летот, американскиот федерален агент добива серија опасни пораки: на секои 20 минути ќе биде убиен по еден патник, се додека не се префрлат 150 милиони долари на тајна сметка во банка. Борбата со сопствените демони веќе ја исцрпила страста на Марк кон херојската струка. Својата важна задача тој ја гледа како канцелариски ден на небото сè до меѓународниот лет Њујорк-Лондон кој ќе го размрда неговиот секојдневен свет. За режисерот Колет-Сера „Нонстоп“ бил единствен начин да го победи единствениот страв од летање и снимање на филм на една локација. Му се допаднале психолошките елементи од сценариото кои го истражуваат човечкото однесување во затворен простор. Тој вели: „Ова е филм во кој многу непознати луѓе почнуваат да го откриваат своето вистинско лице при развојот на
дествијето. Кога сте во авион и кога нешто ќе тргне на лошо, тоа ќе ве присили да откриете кој сте вие. Сакате да бидете херој и да се соочите со своите проблеми?“
Од режисерот Тери Гилијам пристигнува научно фантастичниот „Нулта теорема“. Ексцентричниот и повлечен компјутерски гениј, кој живее во корпоративниот свет на Џорџ Орвел, воден е од егзистенцијален гнев. Тој работи на мистериозен проект наречен „Нулта теорема“, математичка формула која конечно ќе потврди дали животот има некаква смисла. Само еднаш во својот живот тој имал можност да ја доживее моќта на љубовта и посакал да ја разбере причината зошто постојат луѓето…
Продолжението на филмот „Рио2“, тропската птичја авантура, ни пристига овој четврток. Блу, сина ара, живее совршен живот во Рио де Жанеиро со својата сакана жена Бисера и нивните три деца. Но, кога Бисерка ќе одлучи дека децата мораат да научат да живеат како и сите останати птици, работите се комплицираат…Семејството заминува од магичниот Рио во непознатите шуми на Амазонија, во кои Блу, како несмасна градска птица, не се снаоѓа баш најдобро. На патувањето, доживуваат бројни авантури, но за најголемата авантура не беа воопшто спремни – запознавањето со семејството на Бисера. Особено Блу, кој останува без текст кога ќе ја запознае својата ташта, мајката на Бисера. И покрај тоа што настојува да се вклопи, Блу се’ повеќе се плаши дека ќе ги изгуби своите жена и деца во новото окружување… Веќе комплицираната ситуација во која што се наоѓа, дополнително ја отежнува познатата злобна птица од првиот дел, Најџер, кој полека ја подготвува својата одмазда.