БИТ ФЕСТ: „Ѕвездена орбита“, литературен перформанс и претставата „Хасанагиница“

Вечер во 21 часот во Домот на АРМ под името „Ѕвездена орбита„ ќе настапат познати исполнители на народна и новокомпонирана музика. Во 21 часот на Тумбе кафе следува литературен перформанс, а во Домот на културата гостува штипската претстава „Хасанагиница“.

 

Исклучителна вечер исполнета со народна музика во интерпретација на Сузана Гавазова, Елена Велевска, Благоја Грујовски, Татјана Стефановска, Татјана Лазаревска и многу други.

Основата на LIVE литературен перформанс претставува синтеза од книжевност, музика и филм прилагодени за настапи во живо преку различни перформанси и интеракција со публиката. Идејата за формирање на ваков состав се наоѓа во потребата за авторско творештво.

Live литературен перформанс го сочинуваат: Игор Трајковски – Фоја, Дејан Петровиќ – Чапе, Симс Себастијан – Паркет, Славчо Јовев, Пеце Николовски, Mark Purpose.

Live литературен перформанс е формиран во 2011 година, а првиот концепт е замислен само за изведба на перформансот во живо, поетско читање дополнето со музика и видео, читање на параграфи, фрази, од светски познати автори, но и читање на објавени и необјавени текстови напишани од членовите на составот.

Почетниот концепт воведе интерактивен дел во кој публиката зеде учество со пишување на коментари и читање на текстови по сопствен избор.

Музичкиот состав го сочинуваат: Игор Трајковски – Фоја – усна хармоника/дајре, Дејан Петровиќ – Чапе – глас, Симс Себастијан – Паркет – гитара, Славчо Јовев – тапани, Пеце Николовски – специјални ефекти, Mark Purpose- клавијатури.

Музички дел – изведба на авторска музика и амбиентални ефекти.Поетско читање: Читање на поезија и проза од објавени и необјавени текстови од членовите на Live литературен перформанс.

Во 21.00 часот во големата сала на Домот за култура, Народниот театар од Штип гостува со претставата „Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ, во режија на Драгана Милошевска Попов и со Јелена Јованова во насловната улога.

Во оваа сторија за распадот на едно семејство во што голем удел има политиката нејзини партнери се Миле Вратеовски како Хасанага, Ефтим Трајчов како бег Пинтеровиќ, а играат и Владимир Тулиев, Руиш Беговска,Елица Арева и останатите актери на ансамблот на Штипскиот театар. Сценограф е Владимир Ѓоревски Рафик, Марија Пупучовска ги изработи костимите, а музиката ја напиша Марјан Неќак.

You May Also Like