Петнаесет нови електронски книги на „Македонија презент“

Издавачката куќа „Македонија презент“ во пресрет на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, на својот портал www.makedonijaprezent.com.mk деновиве објави 15 нови електронски книги.

stack-of-books

Во првото коло од едицијата електронски книги се објавени дела од: Зоран Ѓериќ, Драган Драгојловиќ, Саша Хаџи Танчиќ, Борис Над, Небојша Озимиќ, Стеван Бошњак (Србија), Олга Лалиќ Кровицка (Полска), Жарко Милениќ, Сабахудин Хаџиалиќ (Босна), Васил Толевски, Александар Прокопиев, Ахмет Селмани, Марина Мијаковска, Христо Петрески (Македонија) и Вања Ангелова (Бугарија).

Едицијата со електронски книги на порталот „Македонија презент“ е меѓународна и во иднина ќе продолжи да се проширува и публикува, заедно со месечните изданија на електронските портали „Македонија презент“ и „Нова критичка и есеистичка мисла“.

You May Also Like