Петгодишен јубилеј на Македонското друштво „Илинден“ во Тирана

По повод петгодишнината на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај им додели благодарници на Незир Меча, Павли Никола и на Ули Халилај.

ilinden Tirana

Благодарниците им се доделени за особен придонес за македонското национално малцинство во Албанија и за афирмација на друштвото.

Незир Меча е потпретседател на Македонско друштво „Илинден“–Тирана, Павли Никола е автор на неколку книги, статии за македонското национално малцинство во Албанија, а Ули Халилај е претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, огранок Голо Брдо.

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана од своето формирање на 6 февруари 2009 година, работи за заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и за традициите на македонското национално малцинство во Албанија, како и за зајакнување на односите меѓу Македонија и Албанија.

You May Also Like