„Кралот Лир“ на сцената на велешкиот народен театар

На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир, прва претстава на репертоарот за оваа година.

veles nokjelПретставата е во режија на Ѕвезда Ангеловска, а ќе настапи речиси целиот ансамбл на велешкиот театар. Препевот е на Драги Михајловски, сцената на Валентин Светозарев, костимите на Александра Крнинова Груев, а изборот на музиката го направи режисерката, а главната улога ја толкува Јордан Витанов.

Зафирчев истакна дека ова е голем предизвик на велешкиот театар и од естетички, актерски и уметнички аспект, но најмногу од продукциски аспект.

– Јас обично ги бирам интуитивно своите предлози за проекти и никогаш не ме мамела интуицијата и визијата за каков тип на претстава станува збор. Современо е читањето на Кралот Лир и тоа беше една моја идеја, заеднички сите се потрудивме како да прозвучи ова капитално дело во денешно време, истакна режисерката Ѕвезда Ангеловска.

You May Also Like