Денеска (вторник, 3 јуни) во 18:00 часот во МНТ ќе се одржи театарската работилница „Чај за двајца“ со македонскиот актер Никола Ристановски.
Ристановски е роден во чешкиот град Острава на 23 јануари 1969 година како дете на тетовци. Дипломирал на отсекот за актерска игра во 1993 година. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, тој станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Освен на матичната сцена настапува и на театарските сцени низ Македонија и надвор од земјата. Ристановски е најтрофејниот актер од Македонија со голем број на награди добиени и за претстави продуцирани надвор од матичната земја