Синоќа, во битолскиот Центар за Култура се отвори изложбата СТАВ. Тоа е изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонски Факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Покровител на оваа изложба е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) кои се најголематапрофесионална архитектонска организација во Македонија и кои секогаш ги препознаваат настаните кои јадвижат архитектонската мисла напред и кои носат свежи и нови идеи во нашата земја.
Тоа што можеше да се забележи од посетителите, Битола има авангардна архитектоснка фела. Фела која знае да критикува, но знае и да вреднува. Општиот заклучок е дека недостасуваат настани од ваков карактер во градот, на кои професионалците подиректно ќе дискутираат, пред сѐ за архитектурата. СТАВ посакува оваа изложба да претставува иницијална каписла, која ќе предизвика бура од лични СТАВови, визии, критики, нови изложби, инсталации, како и активно вклучување на архитектите во општественото дејствување. – вели Благојче Цветковски од организацијата СТАВ
По исклучително успешното отворањето на изложбата во Скопје, истата ги посети градовите Прилеп, Охрид и Струмица. Моментално, поставена е во Фоајето на НУ Центар за култура во Битола, а веќе се прецизираат термините за изложување во Кавадарци, Тетово и уште неколку градови низ Македонија. СТАВ успеа да им се доближи на повеќе од половината од граѓаните на Република Македонија. Можеби како следен предизвик, неформалната организација што стои зад СТАВ ќе започне да размислува за презентација пред публика надвор од границите на државата.