Вечерва (петок, 30 ноември) во НУ „Музеј на македонската борба…“ – Скопје, Здружението на граѓани политички прогонувани и осудувани за идеите за самобитност на македонскиот народ и неговата државност , со почеток во 19:00 часот ќе одржат промоција на „Зборникот на политички затвореници 1945-1990“ втор том.
На промоцијата ќе се обратат претседателот на здружението Никола Андонов, рецензентот на изданието проф. д-р Звонимир Јанкуловски, как и редакторите проф. д-р Никола Жежов и проф. д-р Виолета Ачкоска.