„Титаник 3D“ во киното Cineplexx

Приказната за прочуениот прекуокеански брод и фаталната средба на двајца млади сега е раскажана на модерен и уште подраматичен начин.

„Титаник“ е еден од трите филмови во историјата, награден со 11 Оскари, а оваа година се појавува во ново издание, конвертиран во 3D. По заслуга на дистрибутивната компанија MCF MegaCom Film од Србија задолжена за негова дистрибуција и промоција во Македонија, филмот се најде на редовниот репертоар на киното Cineplexx. Филмот го доби своето 3D издание по повод 100 години од почетокот на пловидбата на овој прочуен брод.

Новиот прекуокеански брод „Титаник“ на 10 април 1912 година тргна на своето прво патување. Од него сите очекуваа потполна безбедност, брз пат и одличен комфорт.
Токму „Титаник“ ќе биде местото каде што ќе се сретнат двајца млади, девојка од угледно богато семејство, Роуз и сиромашно момче Џек. Додека меѓу нив се раѓа голема љубов и страст, бродот ќе ги изневери очекувањата на патниците. Ценетиот „Титаник“ наидува на санта мраз, која ќе го потопи „непотопливиот“ брод и ќе однесе многу човечки животи. Потресната животна и љубовна приказна ја раскажува стогодишната Роуз, многу години по трагедијата.

Околу тоа зошто Титаник се враќа во кината, Џејмс Камерун изјавува: „Постои потполно нова генерација на луѓе кои не го погледнале филмот – на големото платно. Дури и да го гледале во 2D верзија, сега изгледа многу почудесно, би рекол, отколку во ’97 кога за прв пат беше прикажан. Ова ќе биде епско искуство за фановите и за оние кои тек ќе го погледнат“.

 

You May Also Like