Денеска започнува „Кавадаречката културна есен 2014“

Денеска (среда, 8 октомври) започнува манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2014“ во организација на локалната самоуправа на општина Кавадарци и културните институции во градот.

Smoke Shakers

 

Во наредните два месеци во рамките на оваа манифестација ќе се случат над 40 настани од сите уметности – изложби, концерти, промоции на книги, театарски претстави, мултимедијални перформанси и др.

Отворањето на “Кавадаречката културна есен 2014“ во среда, на 8 октомври ќе се случи со голем концерт на групи и солисти од кавадаречката поп, рок и џез сцена, една ретка ретроспектива на кавадаречката музичка сцена од осумдесетите на минатиот век до денес. Меѓу кои Џоа Бенд, Наталија Славева, Еден Ден, Александра Михова, Коскаров – Соколов, Л & Л, Modern Jazz Quartet, Абдомен, Наташа Малинкова, Smoke Shakers и Токму така. Концертот ќе се одржи во салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ и ќе започне во 20 часот.

Истата вечер, по завршувањето на концертот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија “Вила Тодоров 2014“.
Со манифестацијата “Кавадаречка културна есен“, културно уметничката сцена во Кавадарци интензивно живее речиси до крајот на годината и е извонредна прилика за љубителите на убавото и креативното на неколку локации низ градот да погледнат повеќе локални и гостувачки врвни уметници и уметнички ансамбли од различни уметнички дејности и сензибилитет.

You May Also Like