Објавена е Антологија на македонските авторски бајки

По повод Светскиот ден на театарот, деновиве, Издавачката куќа Феникс ја објави Антологијата на македонски авторскии бајки.

 

kniga1kniga1

Во избор и со предговор на Христо Петрески, застапени се следниве автори: Љубомир Грбевски, Киро Донев, Љубинка Донева, Мерсиха Исмајлоска, Александар Кујунџиски, Мице Пашоевски, Александар Прокопиев, Ана Стојаноска и Дејан Трајкоски.

Ова е прво и единствено издание од овој вид кај нас, а }е биде промовирано на претстојниот априлски Меѓународен саем на книгата во Скопје.

Во преговорот кон Антологијата на македонски авторски бајки, составувачот Петрески, мерѓу друго, посочува дека бајката е олицетворение на уметноста на раскажувањето, место каде писателите можат непрекинато да истражуваат, но и да ја докажуваат својата имагинација, оригиналност и талент. Бајките се најстар вид на народна проза. Полни се со волшебно, неверојатно и натприродно. Бајките, како и соништата, се служат со јазикот на симболи; ги конкретизираат архетиповите и на наједноставен начин покажуваат како правилното сфаќање на симболите може да има лековито и креативно влијание врз поединецот. На детската раскажувачка проза и претходела бајката. Од неа се започнало, таа ги придвижила сите ирационални светови и литературни видови. Ги зачувала сите мудрости и убавини кои се надградувале и умножувале. Периодот на бајките не е поминат. Милениумот што настапува ги проширува нивните можности, го поттикнува разделувањето кон сферата на научната фантастика која е техницизирана бајка на иднината и кон внатрешната вселена на суштествата, која дури во метафоричкото огледало на сказните може да го открие своето прикриено и непознато лице. А, она што е посебно карактеристично за македонската авторска бајка, тоа е нејзиниот многу широк дијапазон на теми и мотиви, содржини збогатени со фолклорни елементи и богат и сочен архаичен јазик. Во македонската раскажувачка традиција, авторската бајка зазема посебно место не со своите квантитативни, туку со квалитативните карактеристики. Така, таа е лесно читлива и прифатлива, со необични фантастични и инспиративни резултати, големи и неочекувани, па и тешко предвидливи пресврти, што зборува за севкупното позитивно искуство и силно поволниот впечаток.

You May Also Like