Перформанс/Изложба – “Welcome To DreamVille” во Дамар

Во четврток (23 мај) во периодот помеѓу 20:30 и полноќ, во Дамар, ќе имате можност да проследите интересен  перформанс/изложба – “Welcome To DreamVille“.


– “Уметноста мора да биде убава“ – ние без иронија сакаме да веруваме во оваа изјава. Се обидуваме да ги оживееме парчињата сон и да им дадеме облик на детските фантазии. Тоа е нашиот бунт во свет кој те тера да бидеш постојано стар. Во нашата утопија градиме сè што ќе посакаме: империја од играчки, емоции со лица, еднорози што танцуваат, облаци кои може да се допрат, дожд од гумени бомбони… Овде единствениот концепт е “убаво“. Што и да ви значи тоа, велат организаторите.

Од 21:00 до 22:00 часот – Перформанс “Уметникот е огледало”

Музички настап на Andreas Hz.

Фотографирање на “црвен тепих“. Изложбата ќе трае само еден ден.

– Дојдете заедно да избегаме за да се најдеме пак.  Влезница е желбата да се разбудите во сон, ни порачуваат организаторите.

You May Also Like