Утре (22 мај, среда), со почеток во 20:00 часот на сцената во Македонската опера и балет ќе се изведе операта „Атила“ од Џузепе Верди.
„Атила“ е опера со пролог и три чина од Џузепе Верди, со либрето работено од Темистокле Солера, врз база на драмскиот текст „Атила, крал на Хуните“ од Захаријас Вернер за првпат изведен во 1809 година.
Операта ја доживува својата прва изведба во Венеција на 17 март 1846 година.
Диригент на претставата ќе биде Норман Виџаја од Индонезија, режијата е на Дејан Миладиновиќ од Србија, сценографија – Александар Златовиќ од Србија, костимографија, Миланка Берберовиќ од Србија и концерт мајстор на претставата ќе биде Верица Ламбевска.
Во насловната улога на Атила ќе настапи басот Иван Томашев од Србија, како Ецио ќе го видиме баритонот Нико Исаков од Бугарија, Одабела ќе е Сања Керкез сопран од Србија, тенорот Никола Китановски ќе го видиме во улогата на Форесто, Улдино ќе го толкува тенорот Зоран Даскаловски и Диме Петров-бас ќе го видиме во улогата на папата Леоне.