Првиот број на првото македонско е-списание „Блесок – литература и други уметности“ излезе на 12 март 1998 година. До денес, објавени се 88 изданија, постојано збогатувајќи го културниот простор, и не само во Македонија. Овој, осумдесет и осми број одбележува 15 години од постојаната дејност на Блесок.
Во новиот, 88. број на „Блесок – литература и други уметности“ можете да прочитате:
Поезија:
Рајнер Марија Рилке: Песни
Михаел Кругер: После дождот
Ерик Линднер: Трамонтана
Проза:
Давид Албахари: Гец и Маер
Горјан Милошевски: Не гледам ништо лошо
Есеи:
Елизабета Баковска: Варварски ли е да се пишува поезија?
Лорета Георгиевска Јаковлева: Националниот идентитет и популарните хрватски сапуници
Критика:
Наташа Аврамовска: Хамлетмашина на сцената на битолскиот НТ
Бела Глигорова: Наместо одговор – Предавајќи/Читајќи ги Кушнеровите Ангели во Америка
Галерија:
Неле Азаведо: Минимум споменик
Звук:
Тони Димков: Посветеноста нè тера да се надминеме себеси (Интервју со Сеад Хаџиќ – Сецко, „Мугер фугер“)
Содржините на Блесок бр. 88 се бесплатно достапни на www.blesok.mk