Денеска (4 август, понеделник) од 18:00-20:00 во Магаза ќе биде одржан перформансот „Ние не гледаме со очи, ние гледаме со срце – За Битола“ на Здружението на Слепи лица од Битола.
Во рамките на овој настан ќе биде отворена изложба на ракотворби изработени од слепи лица, промоција на кратка монографија за Здружението за слепи лица – Битола, оддавање признанија „Почесни членови“ на Здружението на Слепи лица Битола, Поетски рецитал и музичко сценски перформанс.