Во продолжение на фестивалот за деца „Ново кино утро“, продукцијата „Наше маало“ ќе биде домаќин на панел дискусијата за продукција на детска програма – „Продукција за малите – предизвик за големите“ која ќе се одржи денеска (петок, 18 јануари, 2013) во ЕУ Инфо центарот, со почеток во 12:00 часот.
Со намера да се иницира и стимулира потенцијалот за продукција и емитување на детски програми, панел дискусијата повика три различни секторски лидери кои ќе се претстават како говорници.
• „Наше маало” продукција – Иво Антов, генерален директор
• Business Solutions Europa – Луиџи Петито, генерален директор
• Делегација на Европската Унија во Македонија – Роберт Лидл, раководител на Оддел за политички прашања, правда и внатрешни работи; информации и комуникации; Контакт лице за човекови права од Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
Панел дискусијата ќе разгледа повеќе примери, алатки и можности за финансирање кои ќе помогнат да се исцрта прецизна стратегија и пристап кон отворање на нови (ко)продукциски можности.