Со “Роболеро” во авторство и кореографија на нашата Искра Шукарова синоќа заврши првата вечер на 9-от Фестивал на модерни танци во Софија.
И првата кореографија “Одраз” и “Роболеро” измамија долги аплаузи во преполната сала на “Црвената куќа” во Софија. Во изведбата на овие две дела учествуваа Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова и Елена Ристеска во гитара придружба на авторот на музиката Валентин Димановски.
На овој познат Фестивал за модерни танци кој се одржува по девети пат во организација на фондацијата “Етуд” учествуваа уште пет други кореографии од познати бугарски автори и кореографи. Ова беше наше прво и успешно учество на оваа позната балетска манифестација и прва од овој вид во Програмата на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија. Проектот е поодржан од нашето Министерство за култура.