Денеска (петок, 18 јануари, 2013 година) на сцената на МОБ ќе се изведе популарната оперска претстава на Пјетро Маскањи „Кавалерија рустикана“, со која се одбележуваат 150 години од раѓањето на композиторот.
Операта е во еден чин. Својата праизведба ја доживува во Рим 17.05.1890 година. Прва професионална оперска претстава во македонскиот театар доживува на 9 мај 1947 година. Дејствието се одвива вечерта пред Велигденската ноќ. Драма за страста, предавството и за одмаздата.
Диригент на претставата ќе биде Бисера Чадловска, режија на Волфганг Вајт од Германија, сценографија на Живојин Трајановиќ, костимографија на Лира Грабул, концерт мајстор Верица Ламбевска. .
Солисти:
Во улогата на Сантуца ќе настапи Дешира Ахмети – Крлиу, во улогата на Тируду – Цветан Стојановски, во улогата на Алфио – Ристе Велков, Лола – Олгица Милевска, Мајка Лучија – Марика Поповиќ.