Вечер (недела, 12 јули, 2012 година) во 21:00 часот во Центарот за култура, фестивалот Охридско лето, со проекција ќе ја одбележи 60-годишнината од првиот македонски игран филм „Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ.
Во Охрид и околината, на крајот на 40-тите и почетокот на 50-тите години на минатиот век, е снимен поголем дел од филмот, во тогаш стандардна црно-бела техника. Пред филмската камера дебитираа Мери Бошкова, Ацо Јовановски, Љупка Џундева, Илија Џувалековски, Петре Прличко и уште многу други македонски актери кои тогаш ги започнаа своите кариери. Свеченоста по повод шест децении од снимањето на „Фросина“ во Охрид е во соработка со Кинотеката на Македонија.