Млади неафирмирани бендови од регионот ќе снимаат во профеионални студија

 Програмата Converse Rubber Tracks настана од желбата на брендот Converse да обезбеди проект преку кој младата музичка заедница на Балканот ќе има можност да ја исполни својата креативност.

CRT_WORKSHOPS_LOGO_Final

Converse Rubber Tracks платформата го отвора конкурсот за бендовите од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Активностите во регионот започнуваат од овој месец и ќе траат се  до мај, следната година.

Светски признатата програма, која за прв пат доаѓа во нашиот регион, ќе им даде можност на неафирмираните бендови да снимаат во професионални студија, под будното око на домашни и странски продуценти кои доаѓаат од Њујорк и од Converse Rubber Tracks од студиото во Бруклин.

Во рамките на  Converse Rubber Tracks на сите заинтересирани посетители ќе им биде овозможено да присуствуваат на забавани и едукативни музички работилници, кои на различни теми, ќе ги држат најеминентни домашни и странски продуценти. Работилниците ќе се одржат во следните градови до март, 2015 година: Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сплит, Сараево и Бања Лука. Првата работилница ќе се одржи во Белград на 15 ноември, а местото и датумот за останатите работилници ќе бидат дополнително објавени.

По одржувањето на работилниците, во март следната година следува главниот дел од Converse Rubber Tracks проектот, т.е. пријавување на бендовите и гласање.

Сите заинтересирани бендови, без разлика на жанрот, ќе можат да се пријават со пополнување на online апликација на www.converse.rs

Благодарение на гласањето од фановите, во најтесен избор ќе влезат 15 бендови од кои потоа, стручно жири ќе ги избере седумте најдобри. Овие бендови ќе добијат прилика да снимаат во професионални студија во Србија. Музичарите во студијата ќе поминат доволно време за создавање нов материјал, а потоа го задржуваат целото право на својата музика.

По снимањето, бендовите во мај, следната година, ќе одржат голем концерт во Белградскиот Дом на Младината.

Натпреварот Converse Rubber Tracks до сега е одржан во Соединетите Американски Држави, Бразил, Шпанија, Германија и Холандија. Converse Rubber Tracks им даде можност на повеќе од 500 музичари да го доживает единственото искуство снимајќи во врвни професионални студија со тим од искусни продуценти. И сето тоа без ниеден трошок.

You May Also Like