Отворен „Рома труба фест“ во Куманово

Синоќа (6 септември, 2012 година) на градскиот плоштад во Куманово започна 7-от фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест 2012“.

 

Фестивалот има натпреварувачки карактер и на него ќе настапт седум оркестри од Mакедонија и Србија, а во ревијалниот дел  ќе настапат орекестрите „Синиша Станковиќ“ и „Небојша Сејдиќ“ од Србија и пејачи од Македонија. Пет оркестри од Македонија ќе се натпреваруваат во пет категории „Агушеви Џамбо“ и „Млади Агушеви“ од Струмица, „Млади таленти“ и „Сергин Дурмишев“ од Штип и „Уска Кан Кантуров“ од Берово.

Фестивалот е во организација на ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шаќир“, дел е од програмата на Секторот за култура за 2012 година, a е поддржан од Општина Куманово

You May Also Like