Во среда (29 мај) во 20:00 часот во МКЦ ќе биде промовирана „ Влезот е од другата страна “, прва збирка поезија од Николина Андова, издавач Темплум.
Промотор Владимир Мартиновски , стихови ќе читаат: Ана Голејшка и Донка Батакоја.
„Раѓањето на зборот е можеби единственото бесшумно раѓање. „Кога зборовите се питомо сонливо бебе“, како што пишува Нина Андова, тогаш сите наоколу можат да потонат во архетипската тишина на поетското присуство. Немирот на спокојството во поезијата на Нина Андова, правта врз стварноста и чистината на сеќавањата се како три врати од еден ѕид, три квадрати од еден прозорец на минливоста. Боговите се преголеми за да влезат низ нив. Во поезијата на Нина Андова, влезот секогаш ќе биде од другата страна, а клучот во раката што пишува.“
Никола Маџиров