Празничен „Мал Битолски Монмартр“ во Охрид и Битола

По повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“- Битола организира две празнични изложби во Охрид и Битола.

Првата изложба беше отворена синоќа (6 септември, 2012 година) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Вечер битолската изложба во Националната галерија на детското студдио „Свети Кирил и Методиј“ ќе ја отвори претседателот на МАНУ акад. Владо Камбовски.

Отворањето изложби со дела од „Малиот битолски Монмартр“ по повод 8 септември, Денот на независноста е традиција која битолското студио ја негува веќе 20 години.

You May Also Like