Отворена изложбата „Сараево во Скопје – пријателство што трае“

Во Музејот на град Скопје синоќа беше отворена изложбата „Сараево во Скопје – пријателство што трае“ …

Otovrena izvozba Saraevo-Skopje (1) Вчеравечер, во рамки на 35-то Скопско лето 2014, во Музејот на град Скопје, беше отворена меѓународната изложба на уникатен накит, слики и скулптури „Сараево во Скопје, пријателство кое трае“ на уметниците: Миа Хебиб, Адин Хебиб и Едина Селесковиќ од Босна и Херцеговина.

На изложбата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашава земја Н.Е. Здравко Беговиќ и амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е Гудрун Штајнакер, во чијашто организација се реализира оваа специфична изложба.Otovrena izvozba Saraevo-Skopje (2)

-Градот Скопје со години наназад го негува пријателствот и контактите со Градот Сараево, град со кој имаме многу сличности и со кој не поврзуваат, меѓу другото, историјата, обичаите, мултикултурализмот, музиката, храната и секако двете стари чаршии – два бисера на Балканот, во кои и до ден денес се негуваат традициите. Градовите Скопје и Сарево негуваат пријателски врски и соработка која беше зацврстена со потпишувањето на Спогодбата за соработка меѓу двата града во 2007 година, кога беа и дефинирани целите и областите на соработка, а кои се од надлежност на двете локални самоуправи. Културата несомнено е една од овие области, но нашите два града имаат можности за соработка и размена на искуства и знаења и во: образованието, спортот, здравството, социјалната заштита, сообраќајот, туризмот, младинските прашања, комуналните дејности, животна средина, меѓународни односи и други подрачја и области што се од заемен интерес. Културата влегува во областите без кои оваа соработка и не би била можнa, којашто меѓу уметниците, културните работници и институциите од Македонија и Босна и Херцеговина, се одвива и гради над 70 години, рече градоначалникот Трајановски.Otovrena izvozba Saraevo-Skopje (4)

Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Беговиќ, парафразираше мисла од големиот писател и нобеловец Иво Андриќ, објаснувајќи ги тројцата уметници, автори на изложбата како вонвременски творци, па рече дека најдобри уметници се оние кои во целост го отсликуваат времето во кое творат, но врвни уметници се оние во чиишто дела и во иднината се отсликува и препознава времето во кое што твореле тие. Тој потенцираше дека се надева дека и во иднина соработката помеѓу Сараево и Скопје ќе продолжи и ќе се интензивира, а авторот Адин Хебиб се заблагодари за тоа што Скопско лето и Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, му ја исполниле желбата оваа изложба да се реализира и во Скопје.

Адин Хебиб е академски сликар, роден во 1955 година во Мостар. Оваа година прославува 35 години успешна ликовна работа. Се школувал во Мостар и Белград, а завршил во Париз во класата на проф. Борис Цикаловски, каде што од 1983 до 1985 год. специјализира експресионизам. Неговиот богат опус на слики и графики опфаќа сценографии, плакати, илустрации на книги и монографии. Адин Хебиб има добиено 11 европски први награди за графички дизајн.

Миа Хебиб со интерес ги истражува сите 360 степени во дизајнот на накитот. Родена е во Босна и Херцеговина, израсната во Хрватска каде што ја започнала својата едукација за изработка на накит и дизајн во школата за Применета уметност и дизајн во Загреб,а 1996 година се преселила во САД. Творештвото на Миа е објавено во списанија како што се: New York Times Magazine, Lark Books и публикациите во I – D Magazine. Својот накит таа го претставила на повеќе изложби и биенала во САД, Европа и Азија.

Едина Селесковиќ е родена во Босна и Херцеговина. Во САД доаѓа од БиХ, како средношколка и студент на размена, 1991 година. Таа е основач и на првиот програм Artist in Residence, во БиХ во атлјето на Исмет Мујезиновиќ со поддршка на Американската амбасада во Сараево и Меѓународната галерија на портрети во Тузла. Добитник е на повеќе награди и тоа: Sculpture space fellowship во Њујорк 2010 – 2011, Canserrat награда во Барселона 2011 година, а оваа година и престижната награда на Samiadele Golden фондација во Њујорк. Животот на Едина е тема на многу списанија, ТВ и радио емисии и документарниот филм „Приказната на Едина“, во АТВ. Оваа година многубројните планирани проекти ја водат Едина во Европа. Таа живее и работи во Њујорк и Тузла.

Проектите на Едина Public Art, започнуваат уште во времето на студиите со муралот во Амбасадата на БиХ во Вашингтон, на барање на премиерот Силајџиќ, а во соработка со академскиот сликар Адин Хебиб. Соработката на овие два уметника продолжува се до денес. 2004 година Адин и Едина заедно го креираат муралот на влезот во Randon Plazu, во висина од девет метри.

You May Also Like